На отворена сцена во Младинскиот парк во Велес од 4 до 7 јули ќе се одржи јубилејниот 15. Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2018“, кој го организира Општина Велес.

Како што на денешната прес конференција информира Томе Јаневски претседател на Оргранизациониот одбор на фестивалот годинава ќе учествуваат 18 ансамбли од кои шест од странство: од Мексико, Естонија, Србија, Словачка и Црна Гора, како и 10 од Македонија.

На фестивалот ќе учествуваат и Оркестарот на мажоретки од Скопје и мажоретките на Балетското студио „Анабела“ кое ќе го предводат традиционалното дефиле низ велешките улици на кое ќе учествуваат и балетската група „Црни мачиња“ и малите таленти од Детската градинка „Димче Мирчев“.

Дефилето ќе стартува во среда вечер во 19 часот Сд Средношколскиот дом - Интернат „Лазар Лазаревски“, а свеченото отворање е закажано во 20,30 часот на сцената во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес.

- Задоволство ни е што годинава славиме 15 години од востановувањето на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес“ со кој покажуваме дека Велес умее со фолклорот и се надеваме ќе прерасне во центар на светскиот фолклор и култура, најави Јаневски.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2018 15:17