Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 14 часот било пријавено дека во Комплекс клиники “Мајка Тереза“ во Клиниката за гинекологија бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Б.С.(51) и С.С.(33) од една страна и А.А.(30) и А.С.(27) од друга страна кои си разменувале удари со раце и нозе во пределот на главата и телото.

Сочинети се четири записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/07/2018 16:39