Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија изразува жалење и големо разочарување што името на претстојната Петта светска средба, како што наведува, е злоупотребено за политички и партиски цели.

Здружението преку соопштение до медиумите информира дека е организатор на сите досегашни светски средби на некогашните деца бегалци, влучувајки ја и Петтата, што ќе се одржи од 19 до 22 јули годинава во Скопје. Во организација на Средбата се вклучени речиси сите здруженија на егејските Македонци од земјата и дијаспората, а покровител прифатил да биде претседателот на Владата Зоран Заев.

- Со изненадување и неверување деновиве проследивме собир и неколку јавни настапи на т.н. здружение Македон, самоволно претставено како некаква си петта светска средба на децата бегалци. Со жалење и големо разочарување можевме да констатираме дека името на оваа традиционална манифестација беше присвоено и злоупотребено во одредени политички и партиски цели, со што длабоко беа компромтирани основните принципи на граѓанското организирање и посебно хуманситичкиот карактер и пораки на претстојната Светска средба, стои во соопштението од Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 00:42