Маријана Ѓориѓевска и Владимир Јовановски, двајцата прилепски апинисти од прилепскиот клуб „Мамути“, вчера, на 1 јули во 10 часот по руско врме, под силен ветар и ниска температура го искачија врвот Елбрус, на Кавказ, висок 5642 метри. Оваа вест Ѓорѓиевска и Јованоски ја објавија на социјалните мрежи и на нивниот фејсбук -профил. Врвот Елбрус го искачија со 23- члена екипа на планинарскиот клуб „Предејане“ од Србија. Ова беше голема желба на двајцата прилепски алпинисти.

Алпинистите имале четиридневна аклиматизација на планината Кавказ и еден ден претходно на врвот Пикет 11.

На надморска височана над 5.100 метри групата се соочила со засилен ветер и ниски температури. На самиот врв ветрот бил со брзина од 70 километри на час, а температурата минус 15 стемени. Во 10.30 часот успеале први од групата да стапнат на врвот. Прво Владимир Јованоски, пота и Мирјана Ѓорѓиевска.

На врвот се задржале околу половина час и во 11 часот се упатиле кон ноќевалиштето.

Групата од Македонија која се искачи на Елбрус е четири члена, составена од: Владимир Јованоски и Маријанa Ѓорѓиевска од планинарскиот клуб „Мамути“ од Прилеп, Стоилко Стоичев од планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје и Љупчо Ѓорѓиев од клубот „Чеплес“ Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 01:46