Со дефиле на учесниците низ централното градско подрачје и целовечерен концерт на Националниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ утревечер во Охрид ќе биде отворено годинешното 57. издание на Бaлканскиот фестивал на народни песни и игри.
На фестивалската сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ во текот на четиите фестиваски дена ќе настапат повеќе културно-уметнички друштва и фолклорни ансамбли од Македонија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Во рамки на Балканскиот фестивал во изложбениот центар на Центарот за култура ќе биде отворена и изложба на влашки народни носии од колекцијата на доц. м-р Ванѓа Димитријева - Кузманоска.
Фестивалот традиционално се одржува под покровителство на Собранието, со поддршка на Министерството за култура. Влезот за сите фестивалски содржини е слободен.