Градски автобус на ЈСП-Скопје што сообраќа на линијата „24“ претпладнево се запалил на постојка во Кисела Вода.

Како што изјавија за МИА од ЈСП-Скопје, пожарот настанал од инсталацијата. Возачот интеревенирал за да го изгасне пожарот, но повикал и екипи од Противпожарната служба. Повредени нема.

Автобусот бил од постаро произвопдство од марката „МАН“ дел од возниот парк на ЈСП.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 11:45