Несовесни учесници во сообраќајот возат преку новиот кружен тек во Кавадарци и ја газат тревата. Јован Ристов, вработен во Јавното претпријатие “Комуналец”, рече дека ќе ја средат состојбата на терен, но дека ја осудуваат ваквата постапка на поединци.
Реагираа и од еколошкото друштво “Еко-живот”.
- Апелираме за поголема еколошка свест и повеќе грижа за јавните добра, нагласи претседателот Роберто Паризов.
Незадоволни од несоодветното однесување на одделни лица се и жителите во тој дел на градот кај реката Луда Мара, кои бараат надлежните да преземат мерки против оние кои вандалски се однесуваат.