Женско тело во фаза на распаѓање, на возраст од околу 60-70 години, вчера било забележано по течението на реката Вардар, на место викано „Лагот“.

Како што соопшти МВР, телото било заглавено во гранки, а случајот бил пријавен во Полициската станица Неготино.

Од страна на полициски службеници и Територијалната противпожарна единица Неготино веднаш биле преземени мерки и бил извршен увид. Телото по наредба на Јавен обвинител било предадено во Институт за судска медицина поради утврдување на идентитетот и причините за смртта.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 14:24