Во Прилеп денеска е пуштена во употреба пречистителна станица која ќе одговори на потребите на 95.000 граѓани, инвестиција од 50 милиони евра, обезбедени од Европската унија, од каде се одвоени и 3,5 милиони евра за изградба на ИКТ-центарот за потребите на МВР за складирање дата податоци при катастрофи.

Двата капитални објекта беа промовирани денеска во присуство на премиерот Зоран Заев, министри во Владата, евроамбасадорот Самуел Жбогар, градоначалници.

- Ова е четврта пречистителна станица во земјава која ги финансира ЕУ, по оние во Струмица, Радовиш и во Кичево. А ќе следува изградбата на пречистителни станици во БВитола и тетово. Овие четири пречистителни станици чинат над 50 милиони евра. Ја подобруваат животната средина но и животот на граѓаните. Ќе се заштити животната среина, а прочистената станица ќе обезбеди производство на био-гас, рече премиерот Зоран Заев.

Според евроамбасадорот Жбогар, таквите проекти се за подобрување на животот на граѓаните и ја носат Македонија поблиску до ЕУ. - Ова се и дел од реформите што ќе ја приближат Македонија до Европската Унија, рече Жбогар.

Со проектот е опфатена обновената 60 километри долга канализацинона мрежа.

Министерот за финансии Драган Тевдоски, пак, потенцираше дека за четири месеци оваа е четврта пречистителна станица што се пушта во употреба.

- Придонесува за почиста животна средина, ќе опслужува 95.000 граѓани, а трите досега се за 126.000 граѓани. Ова придонесува и за економскиот раст во земјава, а и за стандардот на жителите на Македонија, рече Тевдовски.

За заменикот-министер за животна средина Јани Макрадули, ова е значаен проект за заштитата на животната средина.

- Пред една година работите беа запнати, а сега ја отвораме станицата. Годинава очекуваме во рамките на проектите од фондовите на ЕУ два за реализација на други пречистителни станици. Ако сето тоа се реализира 20 насто од населението во земјава ќе ги подобри условите за живот, а тоа не се случило на ниту еден претендент кој сака да биде во ЕУ, наведе Макрадули.

На стартот на активностите за изградба на ИКТ центарот Заев потенцираше дека тој е прв од ваков вид во регионот и ќе биде резервна база за виталните информациски системи во земјава.

- Ќе гарантираат дека не е загрозена работата, од какви било причини, на примарниот информатички систем. Центарот ќе ги зачува виталните податоци во случај на катастрофи и ситуации предизвикани од човечкио фактор. Договорот за имплементацијата на градежните работи беше потпишан во декември минатата година. Најголемиот дел од средствата, 3, 25 милиониевра се од ЕУ, од ИПА фондовите за 2013 година, а свој удел од 152.000 евра има МВР кое ќе биде и краен корисник, а ќе биде национален ресурс за повеќе државни институции, рече Заев.

Евроамбасадорот Жбогар, пак, информираше дека во втората фаза од проектот ќе се изготви план за дејствување во ситуација на катастрофи. - Секогаш чувајте резервна копија од своите податоци, посочи Жбогар.

Како што најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ИКТ центарот треба да биде готов до крајот на годинава.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2018 16:08