Мерцедес нема да отпуштат никого по грешката во стратегијата за време на болната за нив Гран При на Австрија, која ги лиши од првото место кај пилотите во Формула 1.
Третпат оваа сезона, шампионите се казнети од конкуренцијата при излегување на автомобил за безбедност. Во Австрија, Луис Хамилтон го загуби водството откако не влезе да ги смени гумите за време на виртуелниот автомобил за безбедност - грешка на стратешкиот тим на „сребрената стрела“, кој загуби премногу време во размислување.
Сепак, тимскиот шеф, Тото Волф негираше дека ќе има отпуштања или структурни промени.
Шефот на тимот одговорен за стратегијата за време на трките, Џејмс Воулс се извини на Луис на радиото. Шампионот падна на четвртата позиција, но подоцна болката за тактичкиот неуспех беше засенета од неговото прво откажување по 34 трки поради технички причини.
- Не ни се потребни промени. Најважно е да разбереме зошто дојде до грешка, да се вратиме на ситуацијата и да ја анализираме. Не мислам дека можеме да ја повториме оваа грешка вторпат. За мене Џејмс е еден од најдобрите во оваа сфера, прокоментира кратко Волф.