Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска ќе ги промовира резултатите од твининг проектот „Натамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”.
Предвидено е резултатите да ги соопшти директорот на АХВ Зоран Атанасов, а најавени се обраќања и на министерот за земјоделство Љупчо Николовски, италијанскиот амбасадор Карло Ромео, генералниот директор на Директоратот за здравствена заштита на животните и ветеринарно - медицински препарати при Министерството за здравство на Република Италија Силвио Борело, како и на Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ во Македонија.
Проектот, со финансиска поддршка од Европската унија го реализираа АХВ, Министерството за земјоделство, Фитосанитарната управа, Управата за семе и саден материјал, Државниот инспекторат за земјоделство и Државната фитосанитарна лабораторија.