Во поширокиот Дебарски регион денеска во 11:02 часот е почувствуван земјотрес кој ги вознемири жителите. Оние кои живеат во повисоките станбени објекти ги напуштија домовите.
Според првичните информации, што ги пренесуваат албанските медиуми, епицентарот на земјотресот е на 28 километри северозападно од Тирана, во подрачјето на Драч и е со јачина од 5,2 степени. Засега нема информации за материјална штета, но голема вознемиреност земјотресот предизвикал кај туристите во Драч и Валона.