Земјотресот, чиј епицентар е во Албанија, е почувствуван во Тетово, Гостивар, Кичево и Дебар со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од три степени во Скопје, Струга и Охрид.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека земјотресот е регистриран во 11:01 часот, а епицентарот се наоѓа на 170 километри од Скопје, во соседна Албанија. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 5,1 степен.