Монодрамата „ТАА“, работена по текстот на бугарската авторка Даниела Колева, во режија на Васил Михаил, а во изведба на актерката Оливера Аризанова вечерва ја има својата јубилејна педесетта изведба.
Актерката Аризанова монодрамата ќе ја одигра на отворено во Амфитеатарот во Градскиот парк во Струмица.
На 13 овој месец „Таа“ ќе биде одиграна и на Фестивалот на „Софија Моно 2018“ во Софија, Бугарија, кој е еден од најголемите и најдобрите Фестивали во Европа на монодрами.