Шестгодишно дете од Скопје е потешко повредено откако непознато патничко возило удрило во него на паркингот пред езерото Треска, по што го напуштило местото, информираат од МВР.

Со друго возило детето било пренесено во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Случајот во полиција вчера во 15:25 го пријавила Д.В. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 16:34