Едно лице е тешко повредено во судир на товарно возило и работна машина, што се случил вчера попладне кај Штипска клучка на регионалниот пат Велес-село Мамутчево.

Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека се судриле товарно возило „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.В. (27) од село Сушево, општина Василево, и работна машина „Тома Винковиќ“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.А. (43) од Велес. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на работната машина, додека сопатникот С.А. се здобил со телесни повреди. Двајцата биле пренесени во Општа болница Велес.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 16:40