Тетовецот Р.Б.(67) починал вчера нешто по 16 часот откако претходно околу 14 часот и 30 минути паднал од лопата на кран додека заварувал во круг на приватна фирма во Порој, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, сега починатиот бил влезен во лопатата на кранот и заварувал цевки од бетонска пумпа по што од извесна висина паднал на земја. Со тешки телесни повреди тој пред 16 часот бил донесен во тетовската Клиничка болница и по укажаната лекарска помош со медицинско возило бил испратен кон скопските клиники, но на пат за Скопје набрзо им подлегнал на повредите, рече Јосифовски.

Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид на местото од инцидентот и работат на расветлување на сите поединости поврзани со случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 16:59