На отворената сцена во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес вечерва во 20:30 часот ќе биде отворен 15.Интернационален фолклорен фестивал „Велес 2018“, кој го организира општина Велес, а ке трае до 7 јули.

Традиционално, фестивалот ќе стартува со дефиле на учесниците -играорците и фолклористите по велешките главни улици во 19 часот од пред Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“.

Годинава, на ИФФ „Велес 2018“ ќе има 18 учесници од кои шест ансамбли од Мексико, Естонија, Србија, Словачка и Црна Гора, како и десет ансамбли од Македонија.

Инаку, вечер на отворената сцена, љубителите на фолклорот од Велес ќе можат да уживаат во настапот на ансамблите „Керамичар“ од Велес, „Де Тореон“ од Максико, „Студио фолклор“ од Македонија, „Младост“ од Словачка, „Тина Танц студио“ од Естонија и ОКУД „Миломир Петровиќ“ од Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2018 18:34