На отворена сцена, во амфитеатарот на Младинскиот парк во Велес, синоќа свечено почна 15. јубилеен ИФФ „Велес 2018“.
Претходно се одржа и традиционалното дефиле на учесниците по велешките улици, а годинава на фестивалот присуствуваат 18 ансамбли од Мексико, Естонија, Словачка, Србија, Црна Гора и Македонија.
Градоначалникот Аце Коцевски потсети дека кога општината пред 15 години го основала фестивалот сонувала за овој ден, фестивалот да стане најмасовна и најпосетена културна манифестација во Велес.
Томе Јаневски, претседател на организацискиот одбор, информира дека имале тешка и одговорна задача при изборот на учесници за да го задржат високото ниво на фестивалот, но постигнатото досега им дава мотив да продолжат уште пуспешно.
На првата вечер настапија Ансамблот „Керамичар“ од Велес, ФА „Де Тореон“ од Мексико, „Тина танц студио“ од Естонија, ФА „Студио фолклор“ од Македонија, ФС „Младост“ од Словачка и ОКУД „Миломир Петровиќ“ од Србија.
Вечерва е втората фестивалска вечер, а ќе настапат „Распеани велешани“ од Велес, „Тина танц студио“ од Естонија, ОКУД „Миломир Петровиќ“ од Србија, ФС „Младост“ од Словачка, ФС „Етнос“ од Македонија, ФА „Де Тореон“ од Мексико и ФА „Вила Зора„ од Велес-Македонија.
Инаку фестивалот трае до 7 јули.