Легендарниот американски тенисер Андре Агаси може повторно да биде дел од тренерскиот тим на најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ.

48-годишниот Американец смета дека има уште работи кои може да им ги пренесе на модерните спортисти.

- Кога бев играч, никогаш не чувствував притисок, туку само стрес. Кога стана тренер, сè се промени, имаше притисок, но не и стрес. Ова е смешна разлика. Она што можам да го пренесам може да им помогне на многумина. Ако постои начин преку кој ќе му помогнам на Ѓоковиќ, подготвен сум да се вратам во неговиот тим, истакна Агаси.

Тој во мај 2017 година Агаси стана тренер на Ѓоковиќ, но по 10 месеци нивната соработка прекина.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 14:24