Штипското комунално претпријатие „Исар“ првиот квартал од годината го завршува со добивка. Јасминка Петешева вработена во ЈП „Исар“ денеска пред Комисијата за фианнсии при Советот на Општина Штип истакна дека добивката изнесува 33.000 денари.

- Споредбено во однос на истиот квартал минатата година, кога имаше загуба во висина од 1,3 милиони денари. Оваа добивка е резултат пред се на намалувањето на трошоците, превенствено на непродуктивните. Според финансискиот извештај трошоците се намалени за 13 отсто, вели Петешева.

Таа истакна дека имајќи ги во предвид временските прилики на почетокот на годината во делот на проектите, екипите започнале со изградба на нова водоводна линија за населбата Балканска, потоа реконструкција на водовод и канализација на улиците „19 Бригада“ и „Кузман Јосифовски-Питу“.

-Во овој период ја подготвивме и целокупната документација на ниво на основен проект за проектот изведба на Линија два со резервоар во Мерите, а кој Општина Штип го аплицираше до Владата за обезбедување на финансиски средства од програмата на ТАВ, вели Петешева.

Овој проект чини околу 1.500.000 евра, а на градот Штип ќе му овозможи урбанистичко и инфраструктурно развивање кон Овче Поле.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 14:28