Општина Прилеп и амбасадата на Кралството Шпанија викендов во Прилеп, организираат културен настан со наслов „Викенд со шпанскиот филм“. Во рамките на ова случување, од утре, па до недела, 8 јули, ќе бидат прикажани четири филмови во шпанска продукција на летната сцена и во кино-салата од Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Целта на овој културен настан е зголемување на соработката меѓу Општина Прилеп и амбасадата на Кралството Шпанија, а воедно и поголема промоција на шпанскиот филм, јазик и култура, воопшто.
На отворањето на овој настан „Викенд со шпанскиот филм“, утревечер од 20,30 часот на присутните гости, почитувачи на шпанската култура ќе им се обратат, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Емилио Лоренцо Сера.