Никола Саздовски - Саздо, 20-годишно момче, дел од навивачката група ,,Комити”, претепан, со смртни повреди, е во кома на КАРИЛ во Клинички центар и се бори за живот.

Според неофицијални информации од клиниката, Саздовски, е во арефлексна кома и е во многу тешка состојба.

Случката не е официјално потврдена од Министерството за внатрешни работи. Нема никакви детали, но информациите од социјалните мрежи говорат дека настанот се случил на 30 Јуни во населбата Автокоманда. Младото момче го пресретнале четворица непознати луѓе од возило, излегле од него и почнале крвнички да го тепаат. Освен повреди од шипки, кобен за Саздовски бил и падот на тротоар од ударите, по што се онесвестува.

На неговиот фејсбук профил пријателите објавуваат пораки за поддршка за да издржи во тешките моменти од животот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2018 23:50