Канаѓанката Еужени Бушар, финалист во 2014 година, беше елиминирана денеска од Вимблдон. Таа во вториот круг загуби од Австралијката Ешли Барти со 4:6, 5:7.

Во вториот сет, Бушар водеше со 5:2, но ги загуби следните 5 гема, па така и натпреварот. Барти (бр.17) ќе игра во следната рунда со руската тенисерка Дарија Касаткина. Поставената под број 14 во главната пема, ја порази Јулија Путинцева (Казахстан) со 6:2, 6:3.

Вториот круг го надмина и поранешната бр.1 во светот и финалистка на „Вимблдон“ од 2016 година - Анжелик Кербер. Гермнката, која е поставена под бр.11, го загуби првиот сет против Американката Клер Лиу, но направи пресврт за 3:6, 6:2, 6:4. Во третиот круг Кербер ќе игра со Јапонката Наоми Осака (бр.18), која не загуби сет против учесничка со „вајлд карта“ Кејти Бултер (Велика Британија) - 6:3, 6:4.

Дарја Гаврилов (бр.26) пак го освои целосно австралискиот дуел со Саманта Стосур, откако ја надигра со 6:4, 6:1.

Белгијката Елизе Мертенс (бр.15) ја победи Саша Викери со 6:1, 6:3, а за третиот круг се пласираа уште чехињата Барбора Стрицова (бр.23), Шпанката Карла Суарез Наваро (бр.27), Су-Веи Сие (Тајван), Катарина Сињакова (Чешка).



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 01:07