На армискиот полигон „Криволак“, денеска свечено ќе биде затворен меѓународниот „Летен кампус 2018“, на кој учествуваат 11 држави.
Во рамки на церемонијата на која ќе присуствува и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, ќе се одржи и тактичка вежба „Сеопфатен пристап кон мировните операции“.
Меѓународниот проект „Летен кампус 2018“ има за цел да ја доближи до младите питомци и идни мировници комплексноста на идните предизвици во постконфликтните операции. Се одржува во периодот од 26 јуни до 6 јули, во Центарот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“ и вклучува повеќе од 120 учесници од 11 држави, питомци од Австрија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Романија, САД, Косово, Хрватска, Црна Гора и Република Македонија како домаќин.