Додека земјоделците протестираа и го блокираа патот, камиони за откуп чекаа да откупуваат лубеници во Струмица. Очигледно е дека некој ги доведува во заблуда земјоделците, откуп на бостан и денеска се врши во Струмичко, стои во реакцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
- Во последните седум дена се откупени 800 тони лубеница, а само за денеска се планира откуп од околу 130 тони лубеница, наведуваат од МЗШВ.
Според Подрачната единица во Струмица, посочуваат од Министерството, во следните денови се планира откуп уште на 200 тони, а откупната цена е задоволителна и се движи од три до четири денари по килограм.
- Министерството и натаму ја следи состојбата на терен и ќе интервенира доколку за тоа има потреба. МЗШВ интензивно работи и на носење мерки што на долг рок ќе ги решат проблемите со откупот на земјоделските производи, стои во соопштението.
Воедно, се повикуваат сите земјоделците кои имаат каков било проблем, да ги контактираат подрачните единици на МЗШВ или директно Министерството за земјоделство.