Припадниците на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера и денеска лишиле од слобода четири лица кои се осомничени за разбојништвото извршено на 17 јуни во маркет на улицата „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, Б.З.(20), Р.С.(19), А.Б.(20) како и 17 - годишен малолетник, сите од Тетово од тројцата вработени во маркетот заканувајќи им се нож одзеле 175 илјади денари.

Против четворицата осомничени во текот на денот од страна на полицијата ќе има соодветен поднесок, најави Јосифовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 17:48