Второ авионско прскање против комарци на подрачјето на Куманово ќе се изврши на 10 јули во раните утрински часови, информираат од општината.

Апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за наредниот ден, за што кумановци дополнително ќе бидат информирани.

Авионската дезинсекција во Куманово во текот на летната сезона се спроведува во три наврати. Првата беше реализирана во средината на јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 17:58