Во организација на Домот на културата од Гевгелија, синоќа пред платото на градската библиотека „Гоце Делчев“ беа промовирани петте досега излезени изданија од стрип едицијата „Лифт“ која на посовремен начин ја продолжува традицијата на стрип списанието кое излегуваше од 1995 до 2001 година.

- Порано овие графички изданија се нарекувале стрипови, служеле за занимација на децата и се продавале по трафики. Во поново време, поради луксузните изданија со тврди корици и печатени во колор, стрипот почна да се нарекува графичка новела, рече промоторот Никола Гелевски кој истакна дека петте новели првпат се промовираат во Гевгелија, во рамки на графичката едиција што минатата година ја почна издавачката куќа „Темплум“.

Меѓу промовираните графички новели на славни автори од Шведска, Франција и САД се најде и новелата од авторот Кирчо Арсовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/07/2018 18:41