Во Музеј на Град Скопје вечер од 20.30 часот во рамки на „Скопско лето“ ќе се одржи завршен концерт на учесниците на семинарот за виолина на Ана и Олег Кондратенко.

Концертот е организиран во соработка со Музичка младина на Македонија која од 2009 во континуитет го одржува возобновениот семинар по виолина за повеќе возрасти, под раководство на познатите педагози и концертни музичари Кондратенко.

Семинарот го посетуваат голем број млади виолинисти од Македонија, но и од странство кои стекнатото знаење го покажуваат на завршните концерти.

Покрај музичари-почетници во музичкото образование, учесници се и веќе оформени виолинисти, кои се пред крајот на нивното школување.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2018 20:36