Луис Хамилтон со Мерцедес ги освои квалификациите пред Гран При на Велика Британија во Формула 1.

Во здрава битка со Себастијан Фетел, Англичанецот ја освои шестата пол-позиција на „Силверстоун“ и 76-та во кариерата.

Кими Раиконен остана на третото место со заостанување од 0.098 секунди.

Валтери Ботас со вториот Мерцедес остана четврти, а потоа се наредија Макс Верстапен и Дани Рикардо со Ред Бул, Кевин Магнусен и Ромен Грожан - со Хас, Шарл Леклер со Заубер и Естебан Окон со Форс Индија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2018 00:38