Италијанската тениска репрезентација втора година по ред го освои Дејвис купот.

Во финалето во Малага, „азурите“ ја совладаа Холандија со 2:0 и им ја ускратија можноста на „лалињата“ да го освојат трофејот за прв пат во историјата.

Матео Беретини им донесе водство на Италијанците со убедливата победа од 6:4, 6:2 над Ботик ван де Зандшулп.

Погоди 16 асови и 28 винери, оставајќи го својот противник без шанси.

Во вториот сингл меч, светскиот рекет број еден, Јаник Синер победи со 7:6(2), 6:2 против Талон Грциспор и им го донесе трофејот на Италијанците.

За Италија ова е трет Дејвис куп, а првиот го освоија во далечната 1976 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/11/2024 03:54