Комисија на општина Могила утрово на терен врши увид и проценка на предизвиканата штета врз земјоделските култури по вчерашното невреме и градот што падна вчера во неколку села на подрачјето на таа општина.
Од општина Могила информираат дека со вчерашното невреме најзафатени и најоштетени биле земјоделските површини во атарот на селата Долно Српци, Вашарејца, Беранци и Ивањевци.
- Општинската комисија е формирана и е на терен. Според информациите штети се предизвикани врз сите земјоделски култури, а најмногу врз тутунот. Но, увид ќе биде извршен насекаде и ќе постапуваме согласно закон и нашите надлежности, соопшти Јасмина Гулевска, градоначалник на општина Могила.