Македонскиот автомобилист Игор Стефановски - Иџе не ја заврши втората трка на „Хунгароринг“, која е дел европскиот ТЦР-шампионат.

Иџе имаше проблеми со својот автомобил „Хјундаи“ и ја заврши трката по пет извозени круга.

Вториот возач од Македонија, Виктор Давидовски, заврши на 18. место и исто така не освои бодови.

На првата трка, која се возеше вчера, Стефановски го освои 13. место, додека Давидовски беше 14. во конечниот пласман.

Франциско Мора од Португалија победи на денешната трка.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 00:32