Едногодишно девојче од Скопје е хоспитализирано на Карил, откако вчера со тешки повреди било примено на скопските клиники. Го однела мајката која исто така била со модрици и посекотини по телото. Детето покрај скршениците на черепот и крварење во мозокот, било дехидрирано и неухрането и медицинскиот персонал неможел да пронајде вена за да му стават инфузија. Целиот случај е конфузен бидејќи никој официјално не знае како малото дете заврши во Ургентен. Мајката прво тврдела дека паднало од кревет, но лекарските прегледи, како што дознаваме, воопшто не укажувале дека тоа се повреди од паѓање. Девојчето имало и стари повреди на подколениците, кои воопшто не биле медицински третирани.

Од МВР го потврдија случајот и изјавија: Вчера во 12:45 часот во Единицата за информации и команда - Скопје од Ургентен центар Скопје е пријавено дека кај нив за преглед се пријавиле К. М. (20) од Скопје, која имала видливи повреди по телото, и нејзината едногодишна ќерка, кај која се констатирани тешки телесни повреди.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 01:58