Во организација едриличарските клубови Развигор 103 - Скопје и Снегар - Струга, викендот во Струга се одржа Државно првенство во виндсурф - едрење на даска.
- Временските услови не дозволија поголемо присуство на сите активни едриличари на даска да се приклучат на ова првенство, но затоа пак најискусните едриличари не отстапија и по намалување на брзината на ветерот од 5 - 8 чвора остварија неколку трки и забележаа одлични резултати, соопштија од клубот Развигор 103.
Севкупен победник е Петар Ивановски од ЕК Пеликан, второто место го освои Зоран Митрески од ЕК Развигор, додека трет е Бојан Ивановски од ЕК Пеликан.