Институтот за јавно здравје на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка со Институтот за јавно здравје на Италија.

- Потпишувањето на Меморандумот значи почнување нова ера на соработка во областа на јавното здравје и истражувачка работа, врз основа на еднаквост, родова еднаквост, реципроцитет и заемна корист, соопштија денеска од Институтот за јавно здравје на РМ.

Соработката, како што посочуваат, ќе опфати размена на стручен кадар за студиски посети и истражувања во областите: промоција на здравјето, имунизација, заразни болести, превенција и контрола на незаразните болести, регистри на болести, животна средина и здравјето на луѓето, климатски промени, безбедност на вода и храна, управување со здравствени статистики, со здравствениот систем, исхрана/нарушувања во исхраната, дизајнирање и развој на активности за обука за управување со здравствената заштита и примена на алатки за евалуација, образовни упатства, системи за управување..., заеднички активности за подготовка, примена и учество во истражувачки проекти финансирани од фондовите на ЕУ, дизајн и развој на споделена „виртуелна библиотека“...



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 18:18