Членот на пливачкиот клуб Бета, Андреј Стојаноски изминатата недела настапи на Европското првенство во Лублин, Полска каде се избори за финале во шест дициплини.

Тој на 200 метри го исплива своето најдобро време - 1,58,13 и с епласира на 4.место.

Шести беше на 400 метри слободно и на 1500 метри слободно.

Исто така Стојановски го освои 6.место и на трката 200 метри градно со свое најдобро време 2,33,25.

На 200 метри мешано, пливачот на Бета успеа да се избори за финале и заврши на петтото место со време 2,15,59 со што исплива и свое најдобро време, додека на 400 метри мешано финалната трка ја заврши на четвртото место со време 4,51,46.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 19:52