Седморангираната тенисерка на ВТА листата, Каролина Плишкова од Чешка им се приклучи на колешките од топ 10 кои се елиминирани на овогодишниот тениски Гренд слем турнир во Вимбледон, откако во осминафиналето беше поразена со 3:6, 6:7 од Кики Бертенс од Белгија (20-та во ранглистата на ВTA) за 1 час и 41 минута игра.

Така ниту една тенисерка од топ 10 на ВТА листата не успеа да дојде до четвртфиналето, откако останатите девет дури не ја преживеаја првата половина од турнирот, што се случува за првпат во историјата.

За Бертенс ова е втора последователна голема победа, бидејќи во претходното коло ја совлада Венус Вилијамс (САД).

Белгијката првпат се пласира во четвртфинале на Вимблдон, каде ќе се соочи Јулија Гергес од Германија, која ја совлада Дона Векиќ од Хрватска со 2:0 во сетови.

Бидејќи дека веќе нема тенисерки од топ 10, сега највисокорангирана тенисерка е 11-тата носителка Анџелик Кербер од Германија, која предмалку ја совлада Белинда Бенчиќ од Швајцарија со 6:3, 7:6.

Пласман во четвртфиналето обезбедија и Камила Џорџи (Италија), Јелена Остапенко (Латвија) и Доминика Цибулкова (Словачка). Американската Серена Вилијамс подоцна го игра својот четвртфинален дуел со Евгенија Родина од Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2018 20:54