Поројниот дожд и врнежите град во Ресенско предизвикале најголеми штети врз земјоделските посеви во селото Јанковец, како и во делови од селата Златари и Сопотско, соопшти Министерството за земјоделство.
Претставници на Министерството и на локалните власти ќе направат увид на терен, а проценките ќе ги врши Комисијата формирана во мај од Општина Ресен. Рокот за нејзиното делување ќе биде продолжен и дефиниран во зависност од настанатите штети и површината што е опфатена.
По завршување на проценката, ќе следува постапка за обесштетување.