Македонскиот тенисер Томислав Јотовски се пласираше во второто коло на ИТФ фјучерсот во Крамзах, Австрија.

Тој на стартот од турнирот со 2:0 во сетови го совлада австрискиот тенисер Филип Шрол.

Јотовски, иако е втор носител, потешко од очекуваното стигна до победата во првото коло, но по час и половина игра сепак успеа да го скрши отпорот на домашниот тенисер.

Најдобриот македонски тенисер во второто коло ќе игра против Аргентинецот Фермин Тенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2018 17:10