Легендарниот тенисер Борис Бекер смета дека Новак Ѓоковиќ игра во препознатливата форма и повторно ужива во тенисот, а поради тоа може далеку да стигне на Вимблдон.
Најдобриот српски тенисер веќе втора седмица се натпреварува на турнирот и заедно со останатите фаворити се пласираше во четвртфиналето.
- Немаше многу изненадувања во машкиот дел, со исклучок на поразот на Марин Чилиќ и донекаде на Александар Зверев. Освен тоа, сите очекувано поминаа. Дел Потро изгледа многу добро и физички е силен, па затоа би внимавал на него. На Надал сувите терени му помагаат..., а тука е и Ѓоковиќ, кој повторно игра во препознатливата форма. Добро се движи долж основните линии и се чини дека повторно ужива во тенисот, нагласи Бекер.
Ѓоковиќ во четвртфиналниот натпревар ќе игра против јапонскиот тенисер, Кеи Нишикори.