На 9 јули 2018 година околу 19 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско косовска бригада“ откако Р.В. (39) заедно со неговиот внук Ј.А.(18) дошле со возило во близина на плац сопственост на татко на Ј.А., биле дочекани од лицето Е.Б. (45) кое почнало да им се заканува дека ќе ги убие и физички го нападнал Р.В.

Потоа напаѓачот од својата куќа во близина земал автоматска пушка по што ја репетирал и им се заканувал на Р.В и Ј.А. кои влегле во возило со намера да си одат. Во еден момент се собрале повеќе граѓани на местото на настанот по што пријавителот и неговиот внук заминале од таму.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 03:06