На 9 јули 2018 година во 15 часот во Секторот за внатрешни работи Штип Г.З.(23) од Штип пријавил дека на 5 јули 2018 година го однел неговото двегодишно дете во детска градинка во Штип и околу 14:30 часот кога отишол да го земе забележал дека детето има повреди и веднаш реагирал кај вработените, а потоа заминал со детето во ординација за детски болести во Штип.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.