На 9 јули 2018 година во 15:30 часот на Граничниот премин „Стар Дојран" при влез во земјава С.И. (52) од Штип пријавил дека автобусот што го управувал со кочански регистарски ознаки околу 14 часот во село Орфеј, Грција бил оштетен и регистарските ознаки биле откорнати.

Настанот е пријавен во грчката полиција.

Како што известија дел од македонските портали во текот на вчерашниот ден aвтобус на компанијата „Атом“ од Кочани по еднонеделниот престој во Грција морал да се врати во Македонија без регистерски таблички на чие што место наместо меѓународниот код МК со спреј бил испишано дека македонскиот код е грчки.

Фото: СДК.мк



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 03:20