На 9 јули 2018 година во 20:30 часот во Полициската станица Кочани 20-годишна девојка од Кочани пријавила дека во периодот од ноември лани до моментот на пријавување, од страна на М.Л.(46) од Кочани во неколку наврати, со сериозна закана дека за неа јавно ќе објави фотографии со компромитирачка содржина, била присилувана да имаат сексуални односи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.