Голем дел од троатоарите се непроодни, а одредени институции се непристапни за лицата со телесна попреченост во Струмица, информира денеска Оштинската организација на Црвениот крст.

- Заедно со претставници на СВР Струмица и со лицата кои посетуваа обука за персонални асистенти на лицата со телесна попреченост, спроведовме акција за подигање на свеста кај граѓаните, институциите и учесниците во сообраќајот за присустноста на лицата со телесна попреченост, истакна Маријана Тошева, секретар на Општинската организација на Црвен крст Струмица.

Преку делење на флаери на учесниците во сообраќајот и интензивирање на соработката со инстиуциите, Црвениот крст ќе настојува да се намалуваат бариерите за лицата со телесна попреченост.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 12:24