Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, го усвои новиот Статут на УКЛО-Битола.

Од УКЛО-Битола информираат дека новиот Статут е усогласен со Законот за високото образование, во соодветна простапка и по е спроведена утврдена процедура.

- Пред денешното усвојување на новиот Статут претходеше зголемената динамика на органите и телата на УКЛО, спроведена јавна расправа на единиците на УКЛО и можност да изнесат предлози и мислења. По завршувањето на оваа фаза Комисијата за нормативна дејност прифати Предлог-Статут на УКЛО, кој потоа беше утврден од Ректорската управа, а сега веќе усвоен и од Сенатот, информираат од УКЛО-Битола.

Статутот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во предвидениот рок ќе биде доставен до Собранието на Република Македонија кое со одлука дава согласност на Статутот.

Според ректорот Сашо Коруновски, усвојувањето на Статутот е особено важно за УКЛО, зашто го дефинира работењето на Универзитетот во сите негови домени и целосно е сообразен со новиот Закон за високото образование, обезбедува вистинска рамка за функционирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и се отвораат перспективи за неговиот понатамошен развој.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 15:06