Меѓународната летна демирхисарска школа продолжи со предавања во рамки на теолошката секција кои за учесниците ги одржа професор Виктор Недески.

Од секторот за односи со јавност информираат дека Недески говорел за „Мачеништвото како појава во Црквата“, потоа за локалниот светител од манастирот „Свети Кипријан Слепченски“, како и на тема „Свети Варвар Пелагониски и хагиографските извори“.

Во рамки на работата на секцијата за архитектура, учесниците на меѓународната летна демирхисарска школа го слушаа предавањето на професорот Ванчо Ѓорѓиев на тема „Илинденски реминисценции и резидиви“.

Меѓународната летна демирхисарска школа на која предавачи се еминентни професори од Бугарија, Србија и од Македонија, завршува на 14 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2018 15:27