Носителот на 12 Гренд-слем титули, Новак Ѓоковиќ (Србија) повторно покажа дека ја враќа својата најдобра форма и го елиминираше Кеј Нишикори (Јапонија) со 6:3, 3:6, 6:2, 6:2 за два часа и 38 минути игра.
На тој начин Србинот се пласираше полуфиналето на „Вимблдон“, а таму го очекува подобриот од дуелот помеѓу Рафаел Надал (Шпанија) и Хуан Мартин дел Потро (Аргентина).
Поранешниот број еден во светот го заврши дуелот со 39 винери и 21 неизнудени грешки и импресивен успех на мрежа - 18 освоени поени од 20 излегувања.
Ѓоковиќ стигна до топ четири на „Вимблдон“ за првпат од 2015 година, кога по трет пат ја освои титулата на терените на „Ол Ингланд клубот“.